Breaking News

САД ја завршуваат својата нацрт резолуција во СБ на ОН за прекин на огнот во Газа


Соединетите Американски Држави ја финализираат својата нацрт-резолуција за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, по што ќе бараат гласање за документот пред Советот за безбедност на Обединетите нации.


„Ние недвосмислено ги поддржуваме меѓународните дипломатски напори за воспоставување итен и одржлив прекин на огнот како дел од договорот за ослободување на заложниците“, се вели во нацрт-резолуцијата.


За усвојување на резолуцијата потребни се најмалку девет гласа, но ниту една од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН не смее да стави вето.

Како што пренесуваат светските агенции, САД сакаат каква било поддршка од Советот за безбедност за прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците што ги држеше Хамас во Газа.


Во последните месеци, САД блокираа неколку резолуции со кои се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа. паг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА