САД ја осудија затворската казна за Орлов и ескалацијата на репресиите во Русија


САД ги осудуваат неправедната осуда на Олег Орлов, познат руски активист за човекови права и копретседател на организацијата Меморијал, која доби Нобелова награда за мир во 2002 година, и ескалацијата на репресиите во Русија.


Руските власти повторија ново обвинение затоа што не беа задоволни од обичната парична казна за Орлов донесена лани, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот Mетју Милер.


-Како резултат на тоа Орлов е осуден на две и пол години затвор едноставно поради мирно и храбро спротивставување на руската агресивна војна во Украина, изјави тој.

Потсети дека осудата на Орлов се случува на деветгодишнината од убиството на познатиот руски продемократски политичар Борис Немцов.


-Како Алексеј Навални, Немцов беше гласен во своите повици за реформи и одговорност и таргетиран од Путин поради својот активизам.

Поранешен заменик-премир на Русија, Немцов го посвети својот живот да ги подобри животите на граѓаните се додека не беше стрелано во него во сенката на Кремљ, рече Милер.


Според него, Немцов е инспирација за сите демократи и активисти за човекови права во Русија и насекда во светот.

Милер потсети и за Владинир Кара-Мурза, близок соработник на Немцов кој е во затвор во Русија осуден на над 20 годишна казна затвор-Заедно со нашите сојузници и партнери најсилно ја осудуваме ексалацијата на репресијата во земјата од страна на Кремљ, изјави тој.


кб/ .

Извор: МИА