Breaking News

САД и Папуа Нова Гвинеја потпишаа договор за соработка во безбедносната сфера


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Порт Моресби потпиша договор за безбедносна соработка со Папуа Нова Гвинеја, со кој ќе се олеснат воените вежби во кои е вклучена американската војска.


Блинкен, на средбата со премиерот на Папуа Нова Гвинеја Џејмс Марапе, истакна дека Договорот ќе го продлабочи партнерството на Вашингтон со Порт Моресби.


– Двајцата лидери разговараа за економскиот развој, климатската криза и посветеноста на САД кон регионот на Пацификот, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Американскиот државен секретар имаше средба и со лидерите на 14 островски држави во Тихи Океан, кои споделија дека нивниот најважен безбедносен приоритет е справување со зголеменото ниво на морето предизвикано од климатските промени.


Претходно и индискиот премиер Нарендра Моди ја посети Папуа Нова Гвинеја и исто така се сретна со лидерите на 14 островски држави.

Моди ги увери учесниците на состанокот дека имаат поддршка од Њу Делхи.  ми/фото: ЕПА .


Извор: МИА