САД го екстрадира поранешниот паравоен лидер Манкузо во Колумбија


– САД го екстрадираа поранешниот паравоен лидер Салваторе Манкузо во Колумбија, откако 12 години беше во затвор за трговија со дрога и вмешаност во стотици убиства.


Манкузо, еден од водачите на колумбиските Обединети сили за самоодбрана на Колумбија (АУК), паравоена криминална организација која долги години е активна и се занимава со трговија со дрога, вчера пристигна во својата земја со повеќе од сто депортирани лица од САД.


Манкузо ќе остане во затвор во Колумбија поради вмешаност во повеќе од 1.

500 убиства извршени од АУК, паравоена група формирана од сопственици на земјиште и земјоделци за борба против левичарските герилци во 90-тите година.  ми/фото: Икс .


Извор: МИА