САД дозволија дел од персоналот во амбасадата во Бејрут да го напушти Либан


САД овластија дел од персоналот и нивните семејства да ја напуштат американската амбасада во близина на Бејрут, наведувајќи ја непредвидливата безбедносна ситуација во Либан поради војната меѓу Израел и Хамас.


Стејт департментот  им порача на Американците да избегнуваат посета на таа држава.


„Не патувајте во Либан поради непредвидливата безбедносна ситуација поврзана со ракетни и артилериски размени на оган меѓу Израел и Хезболах или други вооружени милитантни фракции“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

зш/ .


Извор: МИА