РСБСП: Сигурносниот појас спасува животи


-Користењето на сигурносен појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот, односно патникот, во случај на ненадејно запирање на возилото или сообраќајна незгода.


Според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, сигурносниот појас е склоп од ремени со сигурносно копче, уред за приспособување и приклучоци кои што можат да се врзат во возило на моторен погон и е проектиран да го намали ризикот од повреди на лицето што го носи во случај на судир или на ненадејно забавување, со ограничување на подвижноста на телото на лицето кое го носи.


.

Извор: МИА