Breaking News

Речиси 10 милиони Етиопјани гладуваат поради конфликтите и сушата


Речиси 10 милиони Етиопјани се соочуваат со екстремен глад во регионите Амхара и Тиграј поради воените конфликти и големи суши, објави денеска британската добротворна организација Оксфам, пренесува Би-Би-Си.


Сојузната влада известува дека досега во овие региони од глад починале 400 лица.


Оксфам кажа дека доколку не се зголемат напорите за обезбедување хуманитарна помош, цела северна Етиопија ќе се соочи со хуманитарна катастрофа.

Хуманитарните напори се попречени од недостигот на финансиски средства и вооружените конфликти во регионот Ахмара.


ОН минатата година успеаја да соберат само една третина од побараните четири милијарди долари, што се потребни за Етиопија.

Локалните власти во провинцијата Тиграј наведуваат дека постои голема закана од екстремен глад, но федералната влада го отфрли ова предупредување. сд/фото:МИА архива .


Извор: МИА