22/05/2025

Путин го потпиша законот за отповикување на ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша Законот за поништување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови.


Соодветниот документ е објавен на веб-страницата на официјалното објавување на правните акти, јавија руските медиуми.


Законот за отповикување на ратификацијата го усвои Руската Дума, а со него се укинува првиот член од законот за ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, со кој се предлага ратификација на Договорот потпишан во име на Руската Федерација во Њујорк на 24 септември 1996 година.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА