Breaking News

Променливо облачно со локален пороен дожд


– Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.


Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени. Во наредните денови следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.


вј/нд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА