Променливо облачно, наутро и претпладне по котлините магла


Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби.


Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени. Во Скопје, информираа од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, од наутро магливо и тивко.


Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени. – До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност.

По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска.


Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер, соопштија од УХМР. цр/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА