Програма за размена на студенти и научници во рамки на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Полска


Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2024/2025 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“.


-Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2024/25 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно за научно-истражувачка пракса и за едносеместрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска.


Стипендијата изнесува 1. 800 полски злоти месечно за студенти, 2. 500 злоти за истражувачи кои се на докторски студии и 3.

500 полски злоти за истражувачи со докторат на науки, е наведено во објавата на Министерството за образование и наука.


 Почнувајќи од академската 2022/2023 година, NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.

-Ги охрабруваме студентите и истражувачите од Република Северна Македонија да учествуваат во други програми на NAWA, како што се Ulam NAWA и Banach NAWA, стои во објавата на веб-страницата на МОН.


 Потребните документи за поднесување на кандидатурите и подетални информации се достапни на веб-страницата: https://nawa. gov.

pl/en/students/foreign-students Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука најдоцна до 15 април 2024.


Во објавата на МОН е достапен и линк за регистрација, како и контакт за информации во врска со Програмата за размена на студенти и научници со Република Полска. хс/са/Фото: МИА архива     .

Извор: МИА