Breaking News

Приведени двајца криумчари на мигранти на патот Удово – Демир Капија  


На регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“ синоќа во 19.


20 часот, полициски службеници  од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода М. С. (22) од тетовското село Желино и А. Џ. (20) од Тетово.


Како што денеска соопштија од МВР, А. Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М. С.

со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А. Џ. . – Имено, околу 16.


20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење.

Набргу, кај место викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал.


Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. По преземени мерки, во 19.

20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР. цр/са/Фото: МВР .


Извор: МИА