Полициски службеници од СВР Струмица синоќа го лишиле од слобода Д. А. (27) од Струмица. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека околу 15 часот физички ја нападнал А. И.
(63) од Струмица во нејзиниот дом и ѝ одзел пари и мобилен телефон. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
мд/фф/Фото: МИА архива .
Извор: МИА