Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда


Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера го лишиле од слобода Б. Ѓ. (57) од Радовиш. Тој се сомничи дека околу 5.


40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од осум станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија.


.

Извор: МИА