Breaking News

Приведен крадец од Скопје, поднесена кривична пријава, определен притвор


Од Секторот за внатрешни работи Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Карпош поднесена е кривична пријава против скопјанецот Џ. Љ.


(34), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.


Од МВР информираат дека во претходниот период, пријавениот извршил повеќе тешки кражби во возила на подрачјето на Центар и Карпош. -По преземени мерки и активности, на 16. 05.

2023 тој бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител му е поднесена пријавата. Џ. Љ.


бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор, се наведува во соопштението од МВР. дма/цр/ Фото: МИА архива .

Извор: МИА