Breaking News

Презентација на анализа за трансформативниот потенцијал на дигиталните технологии за микро, мали и средни претпријатија


Бизнис Конфедерација на Македонија денеска ќе ги презентира резултатите од анализата „Овозможувачка средина за дигитална трансформација на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија“.


 Организаторите најавија дека на настанот обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација Азир Али, Јулија Друмеа експерт за работодавачи од Меѓународната организација на трудот, Сана Фрковик од Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија и Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.


 Целта на анализата што ќе биде презентирана е истражување на трансформативниот потенцијал на дигиталните технологии за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија. са/ .

Извор: МИА