Breaking News

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието


Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија.


Фернандо ќе има средба со собранискиот спикер Талат Џафери и со членовите на парламентарната делегација на Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ).


Предвидена е и средба со претседателот на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија, Зоран Коцевски, соопшти собраниската прес-служба. са/вг/ .

Извор: МИА