Преспа форум: Регионот да ги „отклучи“ потенцијалите за прилекување инвестиции


Земјите од регионот да ја интензивираат соработката за да привлечат што повеќе странски инвестиции, но и да сторат се за да ги „отклучат“ своите потенцијали – да ги зајакнат институциите, тие да бидат транспарентни и доверливи, но и да овозможат законски натпревар меѓу потенцијалните вложувачи, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи од Преспа форумот што се одржува во Струга.


На сесијата „Трасирање на патот кон просперитет: економско-финансиски стратегии за раст на Западниот Балкан“, Битиќи, кој воедно беше и домаќин, потенцира дека сега е вистинско време тоа да се направи.


Нема повеќе простор, напомена, и натаму да се одложува. -Да ги отклучиме сите инвестиции во Западен Балкан, да ги отклучиме потенцијалите што постојат.

Сега е вистинско време кога можеме да го направиме тоа и имаме можност. Немаме простор понатаму да одложуваме. Да се фокусираме на енергијата, на безбедноста и финансиите.


Тоа треба да биде наш прироитет. Да се прашаме дали како регион моежеме да се отвориме во делот на инвестициите и дали можеме да отвораме можности за соработка.

Клучлно е да ја интензивираме соработката за да ги отклучиме потенцијалите во регинот, истакна Битиќи, оценувајќи дека се повеќе се зголемува свеста во регионот за имплементирање ефективни економско-финансиски политики кои се најзначајни, пред се, од аспект на задржување на младите.


 Вицепремиерот се осврна и на ЕУ. Северна Македонија, рече, точно знае каде сака да оди и да биде во иднина. Во таа насока ги „отклучува“ можностите и шансите, но донесува и конкретни одлуки.

-Точно занеме каде сакаме да се видиме во иднина, а тоа значи дека ја отклучуваме таа можност, ги отклучуваме тие шанси, донесуваме одлуки за да бидеме таму.


Зборот „амбициозен“ не го кажуваме само декларативно, напротив, Тоа е единственото нешто што од нас го очекуваат идните генерации, потенцира Битиќи.

 Панелисти беа и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии на Црна Гора Александар Дамјановиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, како и Ивана Живковиќ од УНДП.

мч/са/фото: принт скрин      .

Извор: МИА