Breaking News

Пред пратениците предлог дополнување на Закон со кој се регулира коефициентот за исплата на плати во високообразовните установи


– На денешната собраниска седница пред пратениците ќе се најде предлог дополнување на Законот за високо образование со кој ќе се воедначи платата на вработените во јавните високообразовни установи, која се исплаќа од средствата на буџетската сметка, за иста сложеност, обем на работа и исто образование во сите јавни високообразовни установи.


Со ова решение се предвидува регулација на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи.


Со членот 1 се дополнува текстот на законот со два нови члена со кои законски се уредува платата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка и коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка.

Со ваквата законска интервенција јасно и недвосмислено треба да се постигне вооедначена вредност на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка.


Овие законски измени претходно ги најави претседателот на Собранието, Јован Митрески.

-Со цел да ја надминеме нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети: „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св.


Апостол Павле“, како и во Универзитетот „Мајка Тереза“, на денешната координација донесовме одлука да предложиме измени на Законот за високото образование, со кои ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите, напиша Митрески на својот Фејсбук профил.

Од друга страна претседателот на Влада Талат Џафери истакна дека со посочените универзитети немало време да се потпишат договорите и тие да добијат повисоки плати, бидејќи се распишале изборите.


Вработените од петте јавни универзитети во Битола, Тетово, Штип, „Св.

Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот излегоа на мирни протести зашто не им биле потпишани колективните договори, со што останале покуси во платите за 22 проценти за разлика од колегите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, каде веќе е спроведен ваквиот договор.

свс/аа/Фото: МИА архива .

Извор: МИА