Breaking News

Пожар во Ист Гејт Мол, се запалил вентилациски канал кај рестораните


Пожар избувнал утрово во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна, а противпожарните екипи се уште се на терен.


-Се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата. Пожараникарите се уште  интервенираат.


На терен се 15 пожарникари со пет противпожарни возила, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Пожарникарите добиле дојава од вработените во трговскиот. На посетителите се уште не им е дозволен влез. мд/лв/Фото: МИА     .


Извор: МИА