Breaking News

Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф поднесе документи за учество на парламентарните избори идната година


Пакистанската изборна комисија денеска ја прифати номинацијата на поранешниот премиер Наваз Шариф за учество на парламентарното гласање следната година, откако на 12 декември беа поништени неговите две пресуди за поткуп.


Се уште е на сила доживотната забрана на Шариф за вршење на каква било јавна функција и во моментов не е јасно на која основа е прифатена неговата номинација.


Следниот месец е закажано судско рочиште во врска со предметната забрана. Шариф поднесе оставка од функцијата премиер во 2017 година поради обвинувањата за корупција.

Во јули 2018 година, тој беше осуден на десет години затвор за купување на луксузен апартман во Лондон.


Во декември 2018 година, Шариф доби дополнителни седум години затвор, откако не објасни како неговото семејство се здобило со фабрики за челик во 1999 година.

Тој се врати во Пакистан во октомври по четиригодишен егзил во Лондон. Тој отиде во британската престолнина за да не оди во затвор. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА