Breaking News

Поддршката за ЦДУ/ЦСУ се намали под 30 отсто за прв пат од декември минатата година


 Доколку федералните избори во Германија се одржат следната недела, Христијанско-демократската унија на Германија и Христијанско-социјалната унија од Баварија (ЦДУ/ЦСУ) би добиле 29,5 отсто од гласовите, што значи дека поддршката на ЦДУ/ЦСУ се намалила под 30 отсто за прв пат од декември минатата година, покажа истражувањето на Институтот за нови општествени одговори (Инса) за германскиот дневен весник „Билд“.


Социјалдемократската партија на Германија (СПД) доби еден и пол процентен поен, па поддршката за оваа партија се зголеми на 16 отсто.


Последен пат социјалдемократите имаа толкава поддршка беше во јануари 2024 година. Алтернатива за Германија (АфД) има поддршка од 19,5 отсто од граѓаните, што е за еден процент повеќе.

Зелените имаат поддршка од 12,0 отсто од гласачкото тело, додека Партијата на слободни демократи (ФДП) загуби половина процент и има поддршка од 5,0 отсто од граѓаните.


Сојузот „Сара Вагенкнехт – За разум и правда“ со поддршка од 6,5 отсто, Левица со 3,5 отсто поддршка и Слободни избирачи со 2,5 отсто поддршка ги задржаа вредностите од претходната недела.

Другите партии заедно поддржуваат до 5,5 отсто од гласачите. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА