Breaking News

По повод Светскиот ден на шумите, министерот Николовски и Сојузот на извидници  реализираа акција за пошумување „Боренка“


Во атарот на село Богословец, Општина  Свети Николе денеска се одржа волонтерска акција за пошумување на опожарени површини „Боренка“, во организација на Сојузот на извидници на Македонија.


Во акцијата учествуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.


Тој истакна дека ова е најдобриот начин заедно со децата извидници и многу волонтери, да се одбележи Светскиот ден на шумите и Денот на пролетта. Во рамки на акцијата засадени се 5.

000 садници од видовите бор, даб и багрем.


Учествуваа деца волонтери од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, ООУ „11 Октомвр“и и ООУ „Димитар Миладинов“, извидници од Свети Николе и Штип, како и волонтери од Волонтерски Центар Скопје, вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми.

Николовски потенцираше дека шумите ни припаѓаат на сите, на целото човештво, тие се наш природен ресурс и планетарно богатство.


Од нив, како што рече, зависат климатските промени, водните ресурси, биодиверзитетот, земјоделското производство, шумските екосистеми, економијата и уште многу други сегменти кои влијаат на квалитетот на живот на секој човек на планетава земја.

 – Кога се нарушува шумскиот биодиверзитет, се нарушува животот на сите шумски жители. Тоа ја потенцира одговорноста која ја имаме ние како институции, но и секој од нас лично.


Токму затоа, зелената транзиција е една од нашите цели, а пошумувањето е на врвот на листата на приоритети. Затоа, минатата година проектиравме пошумување на околу 600 хектари со над 1. 200.

000 садници од различни шумски видови.

И ова е остварено, остана уште мал дел да се реализра со пролетното пошумување, кое веќе тече на локации во Кавадарци, Радовиш, Свети Николе, Пехчево, Берово, Делчево, Велес.

Со исти планови продолжуваме и во 2024 година, изјави Николовски. Тој забележа дека една од целите на Министерството е и подигање на јавната свест за значењето на шумите.

– Добро да ги информираме граѓаните дека со нелегалното купувањето на дрва од дрвокрадци, тие ги поддржуваат нив, ги мотивираат уште повеќе нелегално да сечат дрва, а со тоа несвесно помагаат во уништувањето на шумите.

За таа цел Министерството ја поддржа и кампањата против нелегална сеча на дрво – „Не сечи ја мојата иднина! СТОП за дрвокрадството“.

Ова е национална кампања која ја спроведува Здружението на граѓани „Регионален центар за шумарство и рурален развој“– РЕФОРД, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со финансиска поддршка на Агенцијата за шуми на САД, рече меѓу другото Николовски.

Затоа, нагласи, ја поддржувам мисијата на „Боренка“ и она што тие го прават, учејќи ги нашите деца уште од најмали нозе, да ја сакаат и да ја почитуваат природата. вдј/црФото: МЗШВ .

Извор: МИА