Панел дискусија во Скопје посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите


Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), денеска во Скопје ќе се одржи панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите.


На отворањето на настанот предвидено е да се обратат директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, амбасадорката на Швајцарија Вероник Хулман и директорката на ИФЕС во РСМ, Јоана Косма.


Претставниците на АВМУ, ДЗР, ДИК и ДКСК ќе се осврнат на прашањата поврзани со изборниот интегритет во политичкото рекламирање во земјава, додека претставници на европските регулаторни тела ќе говорат за политичкото рекламирање во новите законодавни иницијативи на Европската Унија.

дма/мд/Фото:МИА архива .


Извор: МИА