Breaking News

Панел дискусија „Како до училиште без насилство“


„Како до училиште без насилство“, е насловена панел дискусијата што денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Коалиција на младински организации „СЕГА“.


 Панел дискусијата се организира во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, што го спроведува „СЕГА“, а фокусот на дискусијата ќе биде ставен на потребите и предизвиците на училиштата при превенција и постапување при случаи на различни форми на насилство.


Наставници и стручни соработници од основни и средни училишта, институции, граѓански организации, како и ученици, како што е најавено, ќе учествуваат на панел дискусијата. цр/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА