Breaking News

Палестински здравствени власти: Израелски војници во Западен брег убија двајца Палестинци


Израелските сили денеска убија двајца Палестинци на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските здравствени власти. Засега нема потврда од израелската војска.


Од почетокот на годината загинаа повеќе од 100 Палестинци, повеќето членови на милитантни групи, но некои од нив се цивили, меѓу кои и деца, кои беа убиени од израелските сили.


Во истиот период беа убиени најмалку 18 Израелци и странци. ссм/фото: архива .

Извор: МИА