Осмо издание на целодневниот настан „Станица Студентска“


Со предавања на теми за вештачка интелигенција, започнување на свој бизнис, права при контакт со полиција, како е да се биде млад автор и помирување и градење на мирот во регионот, но и работилници за печатење торби и поправање на велосипеди, вчера на Градежниот факултет при Универзитетот „Св.


Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа осмото издание на целодневниот настан „Станица Студентска“.


Настанот вклучуваше и саем на организации, каде беа презентирани програмите на младите и нивните претставници во областа на образованието, активизмот, одржливиот развој, екологијата, културата….

На саемот присутните можеа да се информираат, како и да се дружат заедно.


Настанот, кој има цел да ги промовира активностите на и за студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и да го унапредува на младинското здружување и организирање, е во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со поддршка од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ). дма/ац/Фото: Станица: Студентска 8 Извор: МИА.