Османи утре во Брисел на Советот за надворешни работи на ЕУ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Брисел, при што заедно со неговите колеги од регионот ќе учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, посветен на Западен Балкан.


 Како што најавија од Министерството за надворешни работи, покрај учеството на сесијата, Османи ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и бројни средби со колеги од регионот и земјите членки на Унијата.


бт/дма/Фото:МИА архива .

Извор: МИА