Breaking News

Одржана е работилница за новинарите за користење на статистичката алатка НБСтат


„Како институција веруваме дека нашата мисија може да биде остварена само со  јасно и објективно пренесување на нашите ставови и одлуки во јавноста, а тоа е речиси невозможно без поддршката од страна на медиумите.


Водејќи се од овој принцип, бевме втората земја во светот којашто учествуваше во пилот-проектот на ММФ за оцена на транспарентноста на Народната банка во согласност со најновиот кодекс за транспарентност на централните банки.


Позитивните оцени се нашиот поттик за натамошни вложувања во оваа сфера“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, отворајќи ја работилницата за новинарите на која беа презентирани можностите коишто ги нуди НБСтат.

.


Извор: МИА