Breaking News

Од 7 октомври во Газа загинале над 22.000 Палестинци, соопшти Министерство за здравство на Хамас


Министерството за здравство во Појасот Газа, што е под контрола на Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната во Појасот Газа, на 7 октомври, во израелските воени операции досега се загинати 22.


185 Палестинци.  Само во последните 24 часа загинале уште 207 лица, изјави истиот извор, не прецизирајќи колку од нив се борци, а колку цивили.


 Претходно беше соопоштено дека две третини од убиените се жени, деца и малолетници. Француските медиуми пренесуваат дека од почетокот на војната ранети се 57. 035 Палестинци.

На израелска страна, пак, досега се убиени над 1. 200 лица, од кои повеќето се цивили, најмногу во нападите на Хамас врз јужен Израел, на 7 октомври.


Истиот ден на југот на Израел беа киднапирани околу 240 лица и однесени во Појасот Газа, а според израелските власти Хамас и другите милитанти во Газа се уште држат 129 заложници.

Во израелските копнени операции во Појасот Газа досега загинаа околу 170 војници. сд/ .


Извор: МИА