Breaking News

Њујорк Тајмс: Американските офицери проценуваат дека само една третина од борците на Хамас се убиени


Високи американски воени разузнавачи велат дека Израел ги намалил воените капацитети на Хамас, но не е ни блиску до нивно елиминирање, пишува Њујорк Тајмс.


Офицерите, во неодамнешни приватни разговори им кажале на членовите на Конгресот  дека се чини дека само околу една третина од борците на групата се убиени, пренесува Ал Џезира.


Во написот се додава дека офицерите исто така нагласиле дека нема мудрост во пребројувањето мртви  „меѓу непријателските борци“. ссм/фото: архива .

Извор: МИА