Breaking News

Нови американски напади врз цели на Хутите


– Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американските сили извршиле седум „одбранбени“ напади против четири поморски беспилотни летала на Хутите и седум мобилни противбродски ракети, кои се подготвувале да бидат лансирани врз бродови во Црвено Море.


ЦЕНТКОМ ги идентификуваше овие ракети и поморски беспилотни летала во областите во Јемен контролирани од Хутите и утврди дека тие претставуваат непосредна закана за бродовите на американската морнарица и комерцијалните бродови во регионот, се наведува во соопштението објавено на платформата Икс.


 ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА