Breaking News

Нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија


Отворен е нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.


Со него, како што беше кажано на денешното отворање, пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани.


 Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека дијагностичкиот центар е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство.

– Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС – ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп.


Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат тука на оваа клиника, изјави Меџити.

Тој рече оти значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.


– Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија.

За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари, кажа министерот.


На отварањето на центарот присуствуваа и медицинскиот и организацискиот директор на клиниката, Дејан Докиќ и Суат Шаќиров. бд/лв/Фото: МИА .

Извор: МИА