Намалено органското производство на жито и мед, зголемено на зеленчук и овошје


Во земјава лани имало 2 486 хектари со органско производство на житни култури и е остварен принос од 3 869 тони, соопшти Државниот завод за статистика.


Во однос на 2021 година, органското производство на житните култури е намалено за 1. 8 %, кај индустриските култури производството е зголемено за 48.


1 %, кај фуражните култури производството е намалено за 16. 3 %, кај зеленчукот е зголемено за 84. 2%, кај овошките е зголемено за 30. 2 % и 10. 9 % е растото кај органски лозови насади.

Вкупниот број на органски говеда е 7 821 грло и во вкупниот број говеда учествува со 4. 8 %. Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 16.


1 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 6. 4 %. Производството на органски мед во 2022 година е намалено за 25.

5 % во однос на 2021 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е намален за 14. 6 %. са/лв/ .


Извор: МИА