Breaking News

Најмалку петмина повредени при украинското гранатирање на Белгород


– Пет лица се повредени утрово во украинското гранатирање на Белгород, соопшти гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.


Тој додаде дека во нападот оштетени повеќе од 30 станови во шест висококатници и 10 автомобили, а околу 5. 000 жители останале без напојување со електрична енергија.


Руското Министерство за одбрана соопшти дека десет украински ракети РМ-70 Вампир се соборени над регионот Белгород.

Непосредно пред тоа била прогласена ракетна закана во Белгород и Белгородската област. ми/фото: ЕПА .


Извор: МИА