Breaking News

Најмалку едно лице загина при руските напади ширум Украина


– Русија утрово изврши нови ракетни напади врз Киев и други украински градови, при што едно лице загина во јужниот дел на земјата.


Две силни експлозии се слушнале во центарот на Киев околу седум часот, а по 45 минути уследија уште две експлозии, објавија украинските медиуми.


Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека се активирале системите за противвоздушна одбрана и им препорача на граѓаните да останат засолништата.

Во делови на Киев има прекин во снабдувањето со електрична енергија.


Додека градоначалникот на Миколаев, Олександр Синкивич изјави дека при рускиот напад едно лице загина, десетици се повредени, а оштетени се најмалку 20 станбени згради.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов наведе дека руски проектили погодиле нестанбена инфраструктура. Напади и експлозии се регистрирани и во областа околу градот Лавов.  ми/фото: ЕПА .


Извор: МИА