Breaking News

Најмалку 13 лица загинаа во судар на автобус и камион во Индија


Најмалку 13 лица загинаа, а 16 се повредени во судар на автобус и камион на автопат во централна Индија, во областа Гуна во Мадја Прадеш, соопшти денеска полицијата.


По сударот автобусот се запалил и во пожарот загинале 12 патници, а од ударот загинал и возачот на камионот, јавува Скај Њуз. Повредените се хоспитализирани. Според индиската полиција, повеќе од 110.


000 луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи низ Индија. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА