Breaking News

Началникот на ГШ Ѓурчиновски на конференција на Воениот комитет на НАТО


Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на редовнaта конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за Алијансата.


За време на престојот во Брисел, генералот Ѓурчиновски ќе го посети военото претставништво на Република Северна Македонија во SHAPE, Монс каде ќе оствари средби и со нашите претставници во мисијата, соопшти ГШ на Армијата.


сст/са/ .

Извор: МИА