Breaking News

На УКЛО-Битола запишани 689 бруцоши, денеска и утре втор уписен рок


На Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во првиот уписен рок, на сите 11 високообразовни единици, запишани се 689 бруцоши.


Вториот, дополнителен уписен рок за новата академска година почна утрово, ќе се реализира два дена, а на располагање се 1902 слободни места.


Најмногу слободни места за упис има на Правниот факултет во Кичево каде може да се запишат 328 студенти и на Технички факултет-Битола каде може да се запишат 303 студенти.

Слободни места за студирање во прва година има во сите членки на УКЛО во Битола, Скопје, Охрид, Кичево и Велес.


На Педагошки факултет слободни се 172 места, на ФИКТ слободни се 135 места, на Факултет за биотехнички науки слободни се 95 места, а на Ветеринарен факултет може да се запишат уште 39 студенти.

Од УКЛО-Битола информираат дека на Технолошко-технички факултет во Велес може да се запише 61 бруцош, на Економскиот факултет во Прилеп има 186 слободни места, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид има 225 слободни места, а на Факултетот за безбедност во Скопје има можност да се запишат уште 208 бруцоши.


Слободни места за студирање во прва година има и на Високата медицинска школа, каде за вториот уписен рок огласени се 150 слободни места. мт/хс/Фото: МИА .

Извор: МИА