На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час


На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час.


На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат утрово од АМСМ.


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловоз, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.


Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/ Фото:МИА архива .

Извор: МИА