Breaking News

МВР-билтен (ДПЛ)


На 15-16. 07. 2023 во периодот од 19. 00 до 02.


10 часот на место викано „Долна Бабуна“ во Велес, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија при МВР и полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода осум лица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени повеќе видови дрога.


 На наведеното место била извршена контрола на лица и возила кои присуствуваат и кои доаѓаат на забава. Притоа, во 21. 00 часот од слобода биле лишени Ѓ. Л. (43) Р. Г.

(53) од Велес зато ашто кај нив била пронајден марихуана. Во 00. 30 часот од слобода биле лишени Д. С. (27) од Велес и Ф. М. (32) од Скопје бидејќи кај Д. С.


била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ф. М. била пронајдена таблета екстази. Во 01. 40 часот од слобода биле лишени Л. С. (43) од Скопје, Е. Р. (31) од Скопје и А. Ц.

(41) од Прилел, затоа што кај Л. С. била пронајдена марихуана, а кај Е. Р. била пронајдена бела прашкаста материја,  додека пак А. Ц. била затекната во истото возило со Е. Р. . Исто така, во 02.


10 часот од слобода бил лишен С. С. (22) затоа што при преглед во возилото кое го управувал била пронајдена таблета.

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 15. 07. 2023 во 17.


00 часот во Богданци, полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци го лишиле од слобода С. П. (40) од Богданци. Тој се сомничи дека во периодот од 08. 00 до 14.

30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и прашкаста материја и таблета.

Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    На 15. 07. 2023 во 23.

20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д. А. (27) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 15. 00 часот физички ја нападнал А. И.

(63) од Струмица во нејзиниот дом и ѝ одзел пари и мобилен телефон. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 СВР Скопје поднесе кривична пријава против З. Ч. (44) и М. Ч.

, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24. 06.

2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на второпријавениот, во кој престојувал и првопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. На 15. 07. 2023 во 20.

30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го привеле А. А. (33) од Струмица затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15. 07. 2023 во 23. 45 часот на бул.

„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Л. Р. (35) од с.

Черкези, Кумановско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15. 07. 2023 во 11. 20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А. П. (41) од Велес затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15. 07. 2023,  полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров ги лишиле од слобода П. К. (41) и Ј. К.

(70), двајцата од Скопје, затоа што по претходна расправија и семејни недоразбирања го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што Ј. К. му се заканил со нож на П. К. .

Ножот бил пронајден и одземен, а од двајцата биле одземени две ловечки пушки. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 16. 07. 2023 во 00.

45 часот во СВР Тетово, М. А. (39) од Тетово пријавила дека на 15. 07. 2023 во 23. 00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С. А. од Тетово.

Се работи на расчистување на случајот. На 15. 07. 2023 во 12. 40 часот во СВР Куманово, З. М. (58) од село Пчиња, Кумановско, пријавил дека во населба Карпош во Куманово бил физички нападнат од Д. Р.

(27) од Струмица. Се работи на расчистување на случајот. На 16. 07. 2023 во 00. 30 часот во СВР Скопје, Ѓ. П. (43) од Скопје, пријавил дека на работното место како обезбедување во казино на бул.

„Партизански Одреди“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15. 07. 2023 во 23. 10 часот во ОВР Прилеп, В. Ј. (65) од Прилеп пријавила дека околу 21.

10 часот на ул„Васил Главинов“ била физички нападната од М. Р. (69), А. Д. (40) и С. Д. , сите од Прилеп. Додека пак, на 16. 07. 2023 во 00. 45 часот во ОВР Прилеп, А. Д. пријавила дека околу 21.

00 часот таа и М. Р. биле физички нападнати од В. Ј. од Прилеп. Се работи на расчистување на случајот. На 15. 07. 2023 во 13. 55 часот во СВР Скопје, В. Ј. (21) од Скопје пријавил дека во 13.

00 часот бил физички нападнат од две лица на ул. 1  во населба Гоце Делчев. Се работи на расчистување на случајот. На 15. 07. 2023 во 17. 00 часот во СВР Скопје, М. Б. (38) од с.

Трубарево, Скопско, пријавила дека околу 16. 30 часот во Парк шума Гази Баба била физички нападната од Ф. А. (34) од с. Грчец, Скопско. Се работи на расчистување на случајот. На 15. 07. 2023 во 14.

00 часот во Полициската станица Чаир, А. Е. (35) од Скопје пријавил дека на 14. 07. 2023 околу 15. 00 часот во с. Визбегово, Скопско, тој и неговата малолетна ќерка биле физички нападнати од Љ. Р. .

Се работи на расчистување на случајот. На 15. 07. 2023 во 22. 50 часот во Полициската станица Драчево, Х. С. (42) од Скопје пријавил дека  околу 19. 30 часот на ул.

„Иван Хаџиниколов“ бил физички нападнат од две лица, при што едното од нив употребило и дрвен предмет. Се работи на расчистување на случајот. На 16. 07. 2023 во 01. 45 часот на ул.

„Божин Николов Силни“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле А. Ѓ. (34) од Скопје затоа што на 15. 07. 2023 околу 22. 00 часот физички ја нападнала Е. Т. (50) во нејзиниот дом.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 15. 07. 2023 околу 22. 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Македонски војски“, Ш. У. (38) и Ш. У.

(35), давјцата од Скопје, по претходно недоразбирање, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 15. 07.

2023 околу 22. 15 часот во СВР Скопје, Ј. З. (62) од Скопје пријавил дека околу 22. 00 часот бил физички нападнат од А. И. (24) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. На 16. 07.

2023 околу 03. 00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во с. Долно Дупени настанал пожар во магацински простор сопственост на С. К. .

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен, а повредени лица нема.   На 16. 07. 2023 во 02. 25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.

„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е. Д. (38) од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На 16. 07. 2023 во 03. 25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот на Б. Л. (48) од с.

Кадино, општина Илинден, настанал пожар во неговото патничко моторно возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки. Сопственикот сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема.

                                         На 15. 07. 2023 околу 19. 30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во с.

Ињево, Радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б. Т. (68) и Ѓ. Ј. (54), двајцата од с. Ињево.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. На 15. 07. 2023 во 20. 50 часот во СВР Скопје, С. С. (46) од Скопје пријавил дека на ул.

„Максут Садик“ во Скопје две лица физички го нападнале и му одзеле чанта. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.  На 16. 07. 2023 во 01.

00 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека на 15. 07. 2023 околу 23.

45 часот на место викано Споменик-костурница, две лица со тврд предмет нападнале малолетник од Куманово, а од малолетничка, која била со него, одзеле мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  На 15. 07. 2023 во 15. 10 часот во СВР Велес, К. И. (40) од Велес на ул. „М. Богоев“ во Велес нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 15. 07. 2023 во 21. 30 часот во СВР Велес, М. А. (37) од Велес пријавил дека на ул. „Благој Ѓорев“ во Велес неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. мд/    .

Извор: МИА