Breaking News

ММФ: Војната во Газа и блокадата на Суецкиот канал се закана за светската економија


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска предупреди дека светската економија е загрозена од војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и нападите на бунтовниците Хути врз бродови во близина на Јемен.


Според директорката на ММФ, војната во Појасот Газа ја оштетила економијата на Блискиот Исток и Северна Африка.


-Мојот најголем страв е времетраењето на тој конфликт, бидејќи ако продолжи, постои ризик од повеќе прелевање, рече таа на самит во Дубаи.

Конференцијата на ОН за трговија и развој (Унктад) на крајот на јануари предупреди дека обемот на товарниот сообраќај низ Суецкиот канал е намален за повеќе од 40 отсто во претходните два месеци.


-Ако непријателствата се шират, тоа „може да биде попроблематично за целиот свет, рече Георгиева. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА