Мицотакис до Кремљ: Нема да се исплашиме, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина


– Порака до Русија дека не се плашат и ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Конгресот на Европската народна партија во Букурешт, осврнувајќи се на вчерашниот ракетен напад на Одеса за време на неговата посета и средбата со украинскиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.


-Вчера бев во Одеса со претседателот Зеленски кога руски балистички проектил го погоди пристаништето, за време на нашата посета и мислам дека сите имаме порака до Кремљ: нема да се исплашиме, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нејзините храбри граѓани колку и да биде потребно колку што е потребно.


И секако дека ќе останеме целосно обединети во нашата одлучност да го сториме тоа, порача Мицотакис.

Дополнително рече дека продолжува финансиската и воена поддршката за Украина, се осврна и на санкциите за Русија и додаде дека „никакво прекршување на меѓународното право, на територијалниот интегритет или насилно менување на границите нема да биде прифатено од европското семејство“.


ср/ссм/ .

Извор: МИА