Breaking News

Мицкоски: Искрено сочувство за загубата на младата Вања, најстрога казна за сите вмешани во грозоморниот чин


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски изрази сочувство за згаснувањето на животот на Вања Ѓорчевска, чие тело беше пронајдено вечерва откако исчезна на 27 ноември.


Мицкоски побара најстрога казна за сторителите. -Со голема тага ја примив веста за згаснувањето на животот на младата Вања. Искрено сочувство за загубата на овој млад и невин живот.


Најстрога казна за сите вмешани во овој грозоморен случај! Правда мора да има. Почивај во мир, напиша Мицкоски на својата Фејсбук страница.

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје,  денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В. Ѓ.


, која беше пријавена за исчезната на 27. 11. 2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П. Ж. (74) од Велес, кој на 24. 11.

2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР. нд/бак/   .


Извор: МИА