Breaking News

Мисајловски: Сплотени, заедно од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени и повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова


Денес сме во Шуто Оризари да се видиме со нашите пријатели заедно со нашите коалициони партнери од нашата коалиција „Твоја Македонија“ кои што со години се со нас и постојано ни ја даваат поддршката насекаде.


Јас сум благодарен што имаме вакви коалициони партнери односно што ВМРО-ДПМНЕ има пријатели насекаде.


Денеска имавме убави средби тука со жителите на Шуто Оризари каде што може да се види дека животот е навистина се потежок и потежок.

Но од друга страна драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени. Сите сплотени заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова.


Сите тука и од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени дека Македонија треба да биде повторно горда и на секој еден човек да му се помага, независно каде се наоѓа, дали е Македонец, Ром или нешто друго. Важно е сите сме луѓе сите да си помагаме еден на друг но за ова да се случи ни треба голема масовна мобилизација и поддршка од сите граѓани, за да го направиме ова сите на 24-ти треба да гласаме за Гордана Силјановска Давкова и потоа на 8 мај за да ставиме печат.


Извор: МИА