Breaking News

Министерот за здравство Меџити засади дрвце, почна кампањата „Садиме здравје“


Министерот за здравство Фатмир Меџити засади дрвце, со денешната акција „Садиме 100 стебла“,  започна кампањата „Садиме здравје“.


Целта на оваа иницијатива е, како што беше кажано, засадување и реновирање на парковите и зелените површини во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.


 – Би сакал да им се заблагодарам на „Фондацијата Заев – едно општество за сите“, за оваа донација со која овозможивме да се реализира оваа иницијатива.

Вашата поддршка и придонес помогнаа оваа кампања да стане реалност, а ние сме возбудени што ќе продолжиме со нашата работа во месеците што доаѓаат.


Денес сме тука да засадиме, почнувајќи од овој клинички парк, рече министерот.

 Преку ова, нагласи тој, не само што ќе се разубави просторот, туку и ќе се обезбедат бројни здравствени придобивки за пациентите и за персоналот.


Меџити додаде дека дрвјата помагаат да се намали загадувањето на воздухот, да се обезбеди сенка и да се создаде смирувачка средина, што може да ја подобри менталната благосостојба на пациентите.

– Нашата кампања „Садиме здравје” има за цел да ја промовира важноста на зелените површини во здравствените установи и да ја подигне свеста за придобивките што тие ги нудат на пациентите, посетителите и здравствените работници.


Да ја искористиме оваа можност, да направиме разлика во нашата заедница и да создадеме поздрава иднина за генерациите што доаѓаат. Благодариме на сите за поддршката, рече Меџити.

 На настанот присуствуваа здравствени работници, ученици, студенти. бд/аа/Фото : МИА  .

Извор: МИА