Breaking News

Министерот за надворешни работи на Албанија во прва официјална посета на Северна Македонија


Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, денеска ќе престојува во прва официјална посета на Република Северна Македонија, соопштија од МНР.


           Покрај средбата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот Хасани, како што е најавено, ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик на претседателот на Владата и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.


цр/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА