Breaking News

Милитанти во Пакистан нападнаа нафтена постројка, загинаа шест работници од обезбедувањето


– Шест припадници на обезбедувањето загинаа денеска кога десетици милитанти нападнаа рафинерија за нафта и гас во северозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан.


Производството на нафта е привремено прекинато по нападот на објект во Хангу управуван од мултинационалната европска компанија „МОЛ Пакистан нафта и гас“.


Сè уште никој не презел одговорност за нападот. Компанијата соопшти дека напаѓачите не стигнале до самиот објект, туку се судриле со војниците и стражарите надвор.

Локалната полиција соопшти дека во тек е истрага и оти се трага по напаѓачите кои побегнале. јт/Фото: МОЛ Пакистан нафта и гас архива .


Извор: МИА