Меџити и Тренчевска на ГАК ќе го посетат првото родено бебе во 2024 година


Министрите за здравство и за труд и социјална политика, Фатмир Меџити  и Јованка Тренчевска, денеска на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, ќе го посетат првото родено бебе во 2024 година.


Првото бебе годинава се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00. 00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.


760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.  Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат.

Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.


– На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња. дма/мч/Фото: МИА архива/ ГАК .

Извор: МИА