Breaking News

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности


Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата на Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг со амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји, соопшти Сојузот на стопански комори.


Амбасадорот Андоноски, како што се наведува, истакнал дека Северна Македонија и Кина имаат пријателски односи и соработката помеќу двете земји трае долги години.


Во рамките на средбата се дискутирале глобалните, регионалните и локалните финансиски и економски текови, со посебен осврт на случувањата на македонскиот извоз и увоз на прехрамбени производи и виното како еден од приоритетните производи за кои има потенцијал и интерес за извоз од нашата држава.

Андоноски, во неговата изјава по завршувањето на средбата изразил задоволство од средбата со бизнис делегацијата од нашите претставници и членови на Сојузот на стопански комори и истакна дека ја дава својата поддршка за понатамошна соработка на бизнисите меѓу двете земји, стои во соопштението на ССКМ.


нд/Фото: ССКМ .

Извор: МИА